Од „Осогово“, преку „Брегалница“ до „Адана Спор“
ИАКО ФИНАНСИСКИТЕ ДЕТАЛИ НЕ СЕ ПОНАТИ, ЕКСОСОГОВЕЦОТ ЈОВАН МАНЕВ, КАКО ФУДБАЛЕР НА „БРЕГАЛНИЦА“ НАПРАВИ ТРАНСФЕР ОД СОНИШТАТА, ПОТПИШУВАЈЌИ ЗА ТУРСКИОТ ПРВОЛИГАШ „АДАНА ДЕМИСПОР“, КАДЕ ЌЕ ГО ТРЕНИРА ВИНЧЕНЦО МОНТЕЛА, А ЌЕ СИ ДОДАВА ТОПКИ СО УЛТРАПОПУЛАРНИОТ БАЛОТЕЛИ. ЗА КОЛКУ ВРЕДЕН ДОГОВОР И КАКВА ПЛАТА МАНЕВ ЌЕ ГИ ВООДУШЕВУВА ТУРСКИТЕ ЉУБИТЕЛИ НА ФУДБАЛОТ ЗАСЕГА НЕ СЕ СООПШТУВА, НО СЕ ШПЕКУЛИРА ДЕКА „БРЕГАЛНИЦА“ ЌЕ ДОБИЕ ПОЛА МИЛИОН ЕВРА.
Фудбалерот кој своите први чекори на зелениот терен ги направи на градскиот стадион во Кочани, во редовите на „Осогово“ деновиве потпиша трансфер од соништата, бидејќи од редовите на Штипка Брегалница, ќе се пресели во мошне силната Турска лига, во „Адана Демиспор“. Се работи за исклучително талентираниот и вреден Јован Манев, чии игри во изминатото првенство во екипата на штипските сини не останаа незабележани од скаутите.
Како за илустрација за квалитетот на клубот ќе наведеме само дека го води прославениот Италијанец Винченцо Монтела, а соиграч на Манев ќе му биде и Марио Балотели, се наведува во соопштението на „жолтосините“ од Кочани
Според неофицијални информации, за трансферот на Манев Брегалница ќе добие половина милион евра, а деталите за платата и договорот што ќе ги добие младинскиот репрезентативец на Македонија, сеуште не се познати. Поради фактот дека Манев има само 21 година, може да се очекува и тој да тргне по патот на веќе меѓународно афирмираниот Барди и другите интернационалци, и да го прослави македонскиот но и кочанскиот фудбал.
Инаку, додека играше за Осогово, Манев беше и најмладиот капитен во историјата на клубот, како своевидно вреднување на неговите квалитети, и како фудбалер, и како човек.