Цените ги дигнаа и сечачите и цепачите

КАКО СКАПНАА БУКАТА И ДАБОТ, ТАКА ПОСКАПЕ И СЕЧЕЊТО НА ДРВАТА, МАШИНСКО И СО СЕКИРА. АКО ЛАНИ СЕЧЕЊЕТО ЧИНЕШЕ 120 ДЕНАРИ ЗА МЕТАР ПРОСТОРЕН, СЕГА ЧИНИ 200 ДЕНАРИ. И ЦЕПАЧИТЕ СЕ ВО ТРЕНД НА ПОСКАПУВАЊЕ, ИАКО НЕМААТ ДИРЕКТНО ЗГОЛЕМЕНИ ТРОШОЦИ. ЗА ИСЦЕПЕН КУБИК, НАПЛАЌААТ ПО 150 ДЕНАРИ.

Иако некои ги третираат како споредни трошоци, сепак во цената на огревното дрво треба да се вкалкулираат и транспортот, машинското сечење, како и цепењето, па дури и складирањето. Синџирот и во оваа сфера е нераскинлив, па транспортот веќе е со повисока цена од минатогодишната и посебно се фактурира. Згора на тоа треба да се додадат и машинското сечење кое од 120 порасна на 200 денари за метар просторен. Зависно од квалитетот на дрвата, некаде цените се повисоки, бидејќи при сечењето се трошело повеќе нафта.

Со свои математики за поскапување се и цепачите, кои лани ги цепеа дрвата по 100 денари, а сега по 150 денари за кубик. Плус се наплаќа и за складирање, кое зависи од оддалеченоста и просторот.

Кога се ќе се собере, излегува дека дрвата не се најевтиниот енергенс. Дотолку повеќе што по секоја грејна сезона како потреба се наметнува белење на просториите, популарно кај населението кречење.

Сподели: