Лов на свињи од 1-ви септември, ама без Кочани, Виница …

НАДЛЕЖНИТЕ ОДЛУЧИЈА ЛОВЦИТЕ ВО ЦЕЛА ДРЖАВА ДА ТРГНАТ ВО ЛОВ НА ДИВИ СВИЊИ, КАКО МЕРКА ПРОТИВ ШИРЕЊЕ НА АФРИКАНСКАТА ЧУМА. ВО ОПШТИНИТЕ КАДЕ Е ПРИСУТНА БОЛЕСТА, КОЧАНИ, ВИНИЦА, ДЕЛЧЕВО И МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА, НЕМА ДА СЕ ЛОВИ. ЛОВЦИТЕ СЕ ЧУДАТ КОЈА Е ЛОГИКАТА.

Од 1-ви септември сите во лов на диви свињи, освен ловците од Кочани, Виница, Македонска Каменица и Делчево. Концесионерите освен ловци треба да обезбедат присуство на ловочувар, инспектор за ловство и доктор по ветеринарна медицина. Ловците велат, ај да го видиме и тој циркуз како ќе функционира на терен, и се прашуваат која е логиката да не се лови во четирите општини, каде што е откриена Африканската чума, бидејќи тука има најголема потреба од намалување на популацијата на овој довеч. Освен тоа на Плачковица, на пример вообичаено ловат зрновјани, виничани, кочанци, штипјани и радовишани, ама сега за првите три општини тоа е забрането, односно пола планина ќе се лови, а пола не.

Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, денеска го донесе решението за одобрување на ловење на дивеч под заштита, со кое започнува итна максимална депопулација на дивите свињи според акционен план дефиниран помеѓу МЗШВ и АХВ.

Концесионерите на дивеч во ловиштата се должни ловот да го организираат во присуство на ловочувар, инспектор за ловство и доктор по ветеринарна медицина, а застеланиот дивеч по завршувањето на ловот да се складира на одредено место. Исто така, се задолжуваат Концесионерите и управувачите со државни ловишта во рок од 5 дена да определат ловни денови за засилен отстрел на диви свињи.

Сподели: