Соопштение од ОО на СДСМ
Почитувани,
На синоќешната свечена седница на Совет на Општина Кочани, по повод денот на ослободувањето на нашиот град, имавме можност да го слушнеме обраќањето на актуелниот градоначалник Папазов.
Почнатите и завршените проекти кои беа набројани, несомнено се дел од инфраструктурната револуција која се случуваше во изминативе неколку години. Да! Целата општина добива нов лик – но, колку Вие, почитуван градоначалник Папазов, или вашите партиски поддржувачи сте заслужни за сето тоа? Ако ги тргнеме настрана проектите од претходната власт, на колку активности од ваша страна би биле горди?
Зошто не зборувате за проекти кои се предложени или остварени од актуелната локална власт на која вие сте на чело?!
Затоа што НЕМА или НЕ се соодветни за споменување?
Затоа што, пример за еден таков ВАШ проект би бил подготовката на видео записот од добитниците на наградите кој години наназад се подготвува во Општината, а сега се доделува на приватна телевизија, Телевизија Кочани?
Колку чини овој ангажман?
За ова ли граѓаните на општина Кочани ви дадоа поддршка?
Тие заслужуваат транспарентност и отчетност!
Нема да дозволиме манипулации, лаги и искривување на вистината!
Нека ни е честит денот на ослободувањето на нашето Кочани и денот на независноста!
Со почит,
ОО на СДСМ Кочани