Трагедија во Кочани: Триесетгодишник се фрли од „Градче“.
Денеска во попладневните часови од круната на Браната „Градче“ во бездната длабока седумдесетина метри се фрлил триесетгодишниот К.Ј. (1992 г.), од Кочани, при што починал на самото место. Дека загинатиот го планирал самоубиството потврдува тоа што пред да скокне во смртта, го соблекол палтото и го оставил паричникот.
Екипа од полицијата извршила увид на местото на трагичниот настан.
Актуелности.мк дознава дека при самоубиственото фрлање имало очевидци, кои неделниот ден го користеле за прошетка во единствената природа околу езерото. Меѓутоа засега нема никаква трага за евентуална причина за самоубиството на триесетгодишниот кочанчанец.