Сообраќаен хаос кон „Пониква“
Малата но задоволителна снежна покривка на Пониква и сончевиот ден намамија голем број граѓани од Кочани и од повеќе градови во државата, кои посакаа да престојуваат во планинскиот спортско-рекреативен центар, Меѓутоа исклучително големиот број возила создаде гужви на паркинзите и покрај патот, што доведе до формирање долги колони и предизвика нервоза кај возачите. Многумина беа принудени долго да чекаат да се расчисти сообраќајниот хаос, бидејќи останаа блокирани без да можат да продолжат напред или да се вратат назад.
Во регулирањето на сообраќајниот метеж е вклучена и сообраќајната полиција, која дејствува на критичните места. Најупорните ги оставаат своите возила на две-три километри оддалеченост во скијачкиот центар и пешки се упатуваат кон него со желба да уживаат барем малку во планинските убавини и да не им биде залудно доаѓањето на Осоговските планини.