Две сообраќајки за 24 часа
Вчера во Кочани се судрија две патнички моторни возила, на улицата Кеј на револуцијата, во непосредна близина на градскиот парк. Практично Ауди со кочански регистарски таблички удрило во мерцедес, кој се движењл пред него. Направена е материјална штета на двете возила, но за среќа повредени нема.
Покрај оваа претходниот ден се случила уште една сообраќајка несреќа во која била повредена малолетничка, откако била удрена од автомобил.
Имено, на 23.02.2023 во 13.30 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Кочани, патничко возило „рено клио“ со кочански регистарски ознаки, управувано од Т.Ј.(68) од с.Горни Подлог, удрило во малолетничка од Кочани, се вели во извештајот од МВР.
Во несреќата малолетничката се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Здравствен дом во Кочани. Извршени се увиди на двете сообраќајки од увидна екипа од Полициската станица Кочани.