Рајска природа на Манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ кај Блатец

ЛОЦИРАН ДОМИНАНТНО НАД СЕЛОТО БЛАТЕЦ, МАНАСТИРОТ „ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА“ ПРИВЛЕКУВА ВЕРНИЦИ ОД ЦЕЛИОТ РЕГИОН, КОИ ТУКА ДОАЃААТ ЗАРАДИ ДУХОВНИОТ МИР НО И ЛЕКОВИТАТА ВОДИЧКА. ОД ПРЕД ГОДИНА-ДВЕ ЗАПОЧНА И ТРАДИЦИЈАТА НА ОРГАНИЗИРАЊЕ ИСЕЛЕНИЧКИ СРЕДБИ СО ПЕЧАЛБАРИТЕ ОД БЛАТЕЦ И ПОШИРОКО.

Преодот од малата висорамнина кон сртмните ридови на планината „Плачковица, таку каде што завршува селото Блатец а започнува густата шума, е лоциран Манастирот посветен на „Рожденство на Пресвета Богородица“, во народот позната како Мала Богородица. Вредните раце на верниците и на домаќините овде изградиле и создале преубаво православно христијанско катче, кое плени со прекрасната природа, кои буквално го воодушевуваат секој посетител.

Јоцо Костадинов, домаќин во Манастирот, е сведок на постојаниот развој и растеж. Вели дека Црковниот одбор е мошне активен и постојано се работи на создавање што подобри услови за верниците. Манастирот е благословен со лековита водичка, од која аир си наоѓаат многумина.

Покрај на празнувања, манастирот станува сврталиште и за печалбарите од Блатец и околината, бидејќи овде веќе е организирана една иселеничка средба, која е планирано да прерасне во традиционална

-Минатата година ја организиравме првата иселеничка средба на печалбарите од Блатец и околината, а оваа година се надеваме на уште помасовен собир, вели Костадинов.

Некаде од под темелите на Манастирот извира лековита водичка, поради која овде доаѓаат верници преку цела година со верба дека ќе си најдат чаре за многу болести.

Инаку, во зеленилото на манастирскиот двор особено за празниците доаѓаат стотици верници.

Покрај плановите за доградување и опремување на постоечките објекти, домаќините велат дека треба да се доасфалтира патот до влезот во Манастирот, за што имале ветување од локалната власт.

Сподели: