И службениците правец странство …

ПО ПРОЦЕСИТЕ НА ЗАМИНУВАЊЕТО НА МЛАДИТЕ ВО СТРАНСТВО, ЗАРАДИ РАБОТА И ПРИСТОЕН ЖИВОТ, СЕГА ВРАБОТЕНИТЕ ОД ЈАВНИОТ СЕКТОР ГИ МЕРКААТ ПРИВАТНИТЕ КОМПАНИИ, ВО ПОТРАГА ПО ПОДОБРИ ПЛАТИ. ТОА ШТО НЕКОГАШ БЕШЕ НЕЗАМИСЛИВО, ОД ОПШТИНСКА АДМИНИСТРАЦИЈА ДА СЕ БЕГА ВО ПРИВАТНА ФИРМА, ДЕНЕСКА СТАНУВА СЕ ПОЧЕСТА ПРАКТИКА. ПРОБЛЕМОТ Е ШТО И ОД ТУКА, МЛАДИТЕ БЕГААТ ВО СТРАНСТВО.

Деструктивната политика на Владата на перфиден начин да се ослободи од вишокот администрација и други непроизводствени дејности веќе создава процеси во државата кои различно се одразуваат и доживуваат во јавноста. Од Министерството за труд велат дека секојдневно имало одлив на кадар од јавниот во приватниот сектор, пред се заради повисоки плати кај вторите. Притисокот го зголемува и фактот што животот станува се поскап, па речиси е неиздржливо да се опстане со наставничка, професорска, полициска или службеничка плата.

Но, дека ниту еден проблем не е сам по себе, зборува податокот дека вработените, особено помладите, од приватнио тсектор, во се поголем број заминуваат во странство. Поради тој факт, работодавачите се погласно бараатда увезат работници, главно ниско квалификувани, кои би работеле за плати соодветни на домашното стопанство.

Во Кочани повремено се јавуваат случаи кога високообразовани кадри и со средна стручна спрема, бегаат од релативно малата буџетска плата кон поголема во приватни компании, иако таквите можности се ограничени. Поединци ја напуштаат општинската администрација, откази си даваат полицајци, вработени во јавни претпријатија, па дури и од образовни и здравствени установи.  И како во затворен круг, овој проблем го создава проблемот со немање кадар кој би ги пополнил испразнетите места, што дополнително ја усложнува ситуацијата.

Сподели: