Пријавување за пензионерските спортски игри

Здружение на пензионери – Кочани и годинава се подготвува за организирање на спортски игри на локално ниво, од кои ќе се изврши селекција за учество на Регионалните и Републичките спортски игри.
Заинтересираните пензионери и пензионерки кои сакаат да учествуваат во спортските дисциплини: табла, шах, пикадо, домино, фудбал, кошарка, скок од место, трчање, теглење на јаже и стрелаштво, можат да се пријават во пензионерските клубови во Кочани, Оризари, Зрновци и Чешиново – Облешево. Пријавувањето е најдоцна до 15.05.2023 година.
За селекцијата по општини, заинтересираните ќе бидат дополнително известени, се вели во соопштението на ЗП Кочани

Сподели: