За фамилијарно преживување 50.000 денари
НАД 49.000 ДЕНАРИ ПРИХОД МУ ТРЕБААТ НА ЕДНО ЧЕТИРИЧЛЕНО СЕМЕЈСТВО ЗА ДА ЈА ОБЕЗБЕДИ МИНИМАЛНАТА МЕСЕЧНА КОШНИЧКА. ПРАШАЊЕТО Е КОЛКУ СЕМЕЈСТВА ВО ДРЖАВАТА ГИ ИМААТ ТИЕ ПРИМАЊА И ПАРИ?
Синдикалците убаво пресметале дека на едно стандардно семејство му се потребни близу 50.000 денари за да преживее скромно во текот на еден месец, но пресметките и бројките не ја одразуваат реалната ситуација во државата, бидејќи се далеку од состојбите во кои се наоѓаат над 80 проценти од населението. Споредбите со исти периоди предходно, и набилданите бројки се неразбирливи за тоа што месецот го преживуваат со 20 до 25.000 денари.
Но еве што велат калкулациите на синдикатот, според кои на едно четиричлено семејство во Македонија, во мај годинава, му биле неопходни 49. 025 денари за да ја задоволи минималната синдикална кошница. Од нив, како што велат од Сојузот на синдикати, 19. 533 денари или 44,34 отсто биле потребни за исхрана и пијалаци, 13. 393, односно 30,41 отсто за домување, 3.197 денари за хигиена, 3. 720 за превоз, 2. 315 за облека и обувки, 1. 068 за култура и 822 денари за одржување на здравје, или вкупно 44. 048 денари. -Кога на нив ќе се додадат 4.977 денари или 11,3 отсто за трошоците на животот, односно инфлацијата, се доаѓа до 49. 025 денари, прецизираат од ССМ.
Одтаму нагласуваат дека просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесувала 34. 925 денари, но не прецизираат колкав број на вработени ја добиваат истата, и помалку од неа.