Сите за хигиена во детските игралишта

На детските игралишта во Кочани е регистрирана честа појава на негрижливо, несовесно однесување.

Кон просторот наменет за забава на најмладите, посебно неодговорно однесување  е забележано од страна на возрасните, со остатоците од храна, грицки и пакувањата од пијалаци.

Надлежните служби од Општина Кочани повикуваатсите да придонесеме за хигиената во детските игралишта.

Загрижувачка е и појавата на оштетување на урбаната опрема. Општина Кочани предупредува дека кон лицата коишто ќе бидат регистрирани дека ги уништуваат урбаната опрема и детските реквизити, ќе бидат преземани соодветни законски мерки.

Сподели: