Невремето собори дрвја и блокираше патишта
Краткотрајно невреме со силен ветер денеска околу 17,30 часот ги зафати Кочани и Виница при што предизвика проблеми во сообраќајот, електричното напојување, како и други помали штети на инсталации и објекти. Под налетот на ветерот паднаа дрвја покрај патишта и на самите коловози, со што времено го блокираа сообраќајот на повеќе сообраќајници. Во Кочани противпожарната служба и екипи на КЈП Водовод интервенираат на влезот во градот од правец на Виница, потоа кај Основниот суд, на излезот кон Штип и на повеќе споредни улици.
Во Виница невремето собори голем број дрвја, а зафатени се и далекуводи за електрична енергија, поради што полицијата го блокираше влезот од правец на Кочани, пренасочувајќи го преку Истибање.
Паднати дрвја ги блокираа и полските патишта поради што земјоделци со возила и механизација останаа заглавени во полињата.