Спектакуларен концерт на ДНК во преполниот градски парк
Концертот на екстра популарните ДНК, со омилените шоумени Панчо и Андреј, синоќа му дојде како шлаг на торта на Петровденското празнување на Кочани. Огромен број млади од Кочани, Штип, Виница и другите населени места, го преполнија градскиот парк, пеејќи ги и џускајќи на хитовите на популарната група. Току Андреј и Панчо успеаја да ја воспостават позитивната конекција со публиката, подигнувајќи ја концертната атмосфера до кулминација со заедничкото пеење на безвремените композиции.
Се имаше во рамките на незаборавниот концерт. Честитање роденедени, придружно пеење од девојче од публиката, наградно пиво и своевидна промоција на шампионите на турнирот во мал фудбал, комплетната екипа на Ауто Велт.
На концертот, покрај публиката му се израдуваа и членовите на групата кои искажаа голема благодарност до градоначалникот Љупчо Папазов за поканата да гостуваат во Кочани, а кочанчани и сите други да слушаат македонска музика.