Планинарски марш до врвот Китка

Во организација на Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, а со поддршка од Општина Кочани, в недела, 16 јули, љубителите на природата и пешачењето ќе се искачат на врвот Китка на Осоговските Планини.

Според претседателот на ПСК „Осогово“ Тошо Антов, ќе се појде во 6 часот наутро од Градскиот парк, а кон врвот Китка ќе се приоѓа откај селото Горна Цера. Кај манастирот Еленец ќе има кратко  објаснување за рутата и правилата за движење во планина. Кон врвот Китка, кој се наоѓа на 1903 м н. в. ќе се пешачи главно во шумски предел. Пред враќање од маршот, ќе биде организирана забава на која ќе се доделат благодарници за најмладиот и за највозрасниот учесник на планинарскиот марш.

Со овој настан завршуваат содржините од програмата „Петровден 2023“, организирана од Општина Кочани, по повод празникот на градот.

Сподели: