Наместо риболовно задоволство – рибокрадство

Кој врши недозволен лов на риба во вештачките езера и во реките во регионот, за таа да стигне до пазарите и да се нуди на продажба по цена од 160 до 200 денари за килограм. И зошто доцнат концесиите кои државата треба да им ги додели на концесионерите, за тие да стопанисуваат со рибниот фонд.

Ова се прашања кои си ги поставуваат спортските риболовци, но само во неофицијални разговори, бидејќи јавно никој не сака да си создава проблеми за работи за кои некои се платени, а не си ја вршат работата.

Во кочанско јавна тајна е дека во Брегалница се лови риба со сите можни недозволени средства и се препродава на црно. Ноќе ечат експлозивни направи, дење се поставуваат мрежи и сакови, се предизвикуваат електрични шокови, со што безмилосно се уништува рибниот фонд. На одредени локации мрежи деноноќно стојат во реките, а тоа никој како да не го забележува. Таквата летаргичност на одговорните ги остави без животински свет речиси сите водотеци во Кочанската Котлина, па не е ни чудо што ги снема рибите, жабите и барските птици.

Сподели: