Пожари беснеат кај Соколарци и во полињата под Плачковица

Опасни пожари во моментот беснеат во атарот на селото Соколарци, каде огнот и се заканува на фармата за марихуана, но и на неколку куќи на периферијата од селото, како и на пчеларници и друг земјоделски имот. Пожар беснее и од другата страна на реката Брегалница, каде огнот се шири во правец на планината Плачковица. Екипи на противпожарната служба од Кочани се на терен каде заедно со локалното население водат битка да ја стават под контрола огнената стихија, за да се спасат поголеми штети.

Од ТППЕ велат дека пожарите најверојатно се предизвикани од човечки фактор, бидејќи се шират главно од стрништа, по извршена жетва на крските култури.

Гаснењето на пожарите ги усложнуваат ветерот и високите температури, кои им ја отежнуваат работата на пожарникарите.

Сподели: