Повик за учество во Празнично дефиле за Денови на кочанскиот ориз 2023 

По повод одржувањето на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз 2023“ од 29 септември до 01 октомври, оваа година како дел од богатата програмска содржина ќе се организира и Празнично дефиле.

За таа цел, Општина Кочани упатува ПОВИК до сите јавни институции, приватни фирми, здруженија на граѓани и сите останати заинтересирани да земат учество во дефилето и да се претстават пред домашната публика и гостите од странство, дефилирајќи низ кочанските улици со организирана програма, односно со тргнување од училишниот двор на ОУ „Никола Карев“ низ улицата „Маршал Тито“ до големиот мост кај Трговскиот центар, и назад сѐ до Градскиот парк.

Рок за пријавување: 21 август 2023 година

Сподели: