Во 21 век, левиот канал на ХМС „Брегалница“ не (или само делумно) функционира

Покрај рекордни субвенции и други инвестиции во земјоделството, летово изгореа од сушата стотици хектари во овчеполието, а уште толку површини се без вода само затоа што во 21 век левиот магистрален канал од ХМС „Брегалница“ е неупотреблив, или само делумно употреблив. Вработените во Водостопанство Брегалница пред некој месец штрајкуваа за плати, но и во таква ситуација со крајни напори и големо задоцнување, пуштија колку-толку вода во левиот магистрален канал, за барем некои ниви да се освежат.

-Безнадежно ни е земјоделието ако во 21 век, при изграден систем, една половина од него не функционира, вели земјоделец од Зрновци. Плодно земјиште под Плачковица секоја година останува без род, само затоа што некој не е способен да го исчисти и стави во функција тоа што некој претходно го изградил и ни го оставил на користење. За какво останување на младите зборуваме ние, кога државата не остава на цедило и во сиромаштија, бидејќи и да сака некој нешто да произведе, нема основни услови.

Но така е во земја во која деца купуваат комплекси за 25 милиони евра, а државата нема толку пари да ја изгради „Речани“, која би донела по 20.милиони кубици вода секоја година.

Сподели: