На Пониква – втор меѓународен ролер-ски натпревар 

На 13 и 14 септември, на Пониква се одржа Вториот меѓународен ФИС ролер-ски натпревар. Скијачката федерација на Македонија, со поддршка на Општина Кочани  денеска во ресортот „Магнолија“ ги додели наградите на најуспешните натпреварувачи. 

Во оваа дисциплина во нордиското скијање годинава учествуваа натпреварувачи од Македонија, Србија, Грција и Унгарија. 

Од лани, овој натпревар влезе во календарот на Скијачката федерација, што дава нови можности за развој на спортскиот туризам на Осоговските Планини.

Сподели: