Величествено зажнејување на оризот во Мојанци

И третиот завршен ден од Манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“ им приреди убави доживувања, како на гостите, така и на граѓаните на Општина Кочани и регионот, и пред се на жителите на Мојанци, кои беа кадарни да пречекаат амбасадори и претставници на амбасади, како и голем број гости. Традицијата на зажнејувањето и на вршидбата ја видоа стотици гости, некои за прв пат, наградувајќи ги со спонтани аплаузи жетварите во народна носија, кои со српови фаќаа ракатки и правеа снопови, кои потоа се пренесуваат на вршење со коњско трчање во круг врз сламата и класјето. За да ја вкусат традицијата, се погрижија вредните домаќинки од Мојанци, кои на менито на пребогатата трпеза имаа вкусни јадења од ориз до баници и зелници, какви што знаат да приготват жени кои вештините ги научиле од своите мајки, баби, свекрви …

Новиот пристап во организацијата, масовноста и атрактивните и привлечни содржини овогодишната манифестација ја направија една од најмасовните и најпосетените, во сите денови на одржувањето. А тоа значи дека целта е постигната.

Денеска заслужената награда за земјоделец на годината ја доби Митко Стојанов, оризопроизводител од Кочани, кои постигнува одлични резултати. Непосредно по добивањето на наградата, Стојанов, изјави: – Благодарам на Општина Кочани за наградата. Се надевам дека и во иднина ќе работиме успешно и посветено во производството на оризот. Сакам да упатам посебна благодарност до месната заедница Мојанци и Општина Кочани за одличната организација на манифестацијата која има за цел да го афирмира и поддржи оризопроизводството.

Големиот број на гости имаа можност да уживаат во изложбените традиционални ракотворби и традиционална храна подготвена од страна на домаќинките од с. Мојанци. Големиот број на гости имаа можност да уживаат во изложбените традиционални ракотворби и традиционална храна подготвена од страна на домаќинките од с. Мојанци. А пред многу убаво уредени дворови може да се видат самоиницијативни изложби на земјоделски производи, кои го задржуваа вниманието на гостите.

Сподели: