Денеска Амфенол слави 10 години успеси

Амфенол денеска слави на само нему своиствен начин. Заокружена е првата декада од неверојатно успешен развој, кој ја издигна компанијата во самиот врв на македонското стопанство. Во таква атмосфера, продолжуваат и планираните активности кои денеска ќе кулминираат.

За 11 часот е закажана забавата за најмалите, со настап на дечињата од КДУ „Павлина Вељанова“ и ОМУ „Ристо Јуруков“.

За во 12 часот е закажано обраќањето на директорот Сашко Наков, а потоа доделување на Благодарници и награди на вработени кои наполниле 5 години работа во Амфенол.

Одбележувањето на десетгодишнината во вечерните часови се префрла во Градскиот парк, каде ќе бидат прогласени најдобрите 10 вработени, а ќе бидат доделени Благодарници и награди за 10 години верност кон компанијата.

Од 20,30 часот следува сеопшта забава, односно музичките спектакл со екстрапопуларните ѕвезди Лозано и Гоца Тржан.

Од Амфенол ве покануваат. Јубилејните 10 години ги карактеризираат извонредност, со визија за уште многу напред! Срдечно Ве покануваме Вас и Вашето семејство на 10 годишнината од формирањето на нашата компанија. Ве очекуваме на 23 октомври 2023 година во Градски Парк во Кочани, со почеток во 19:30 часот! Радоста и успехот се уште поголеми кога се споделени со најблиските!

Сподели: