Јавен повик за проекти за култура, спорт …

До 27 ноември е отворен јавниот повик на Општина Кочани за поднесување предлог-проекти за програмите за култура, спорт и социјална, детска и здравствена заштита за 2024 година.

Предлог-проектите треба да имаат јасно определени цели, содржина и дефинирани финансиски средства, а може да се поднесат во каква било форма најдоцна до 27 ноември 2023 година во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани.

Општина Кочани ги потсетува спортските клубови, здруженија и поединци корисници на средства од Програмата за спорт и корисниците од програмите за култура и за социјална, здравствена и детска заштита во 2023 година дека треба да достават извештај со детален и документиран приказ за потрошени средства, според образец достапен и на веб-страницата на Општина Кочани.

Сподели: