Обука за ловци, елеци, изменет календар …

Една од главните новини во новиот закон за дивеч и ловство, кој е донесен од страна на Собранието на РМ, е задолжителната обука пред полагањето за ловечки испит. Флуоресцентните елеци стануваат задолжителни, а ловот на диви свињи ќе започне уште од 1.мај, но се ограничува бројот на одстрелан дивеч.

Според стручњаците, станува збор за рефромски закон со многубројни новости и законско решение усогласено со регулативите на Европската Унија.

Со донесувањето на овој закон се излегува од досегашните концесиски рамки, бидејќи дивечот како таков е делумно обновлив ресурс, па во иднина дивечот се предвидува да се дава на користење и управување, наместо на концесија како што беше досегашното законско решение, и тоа на период до 20 години. Ваквата измена е во насока на трајноста во одгледувањето, заштитата и неговото користење.

Предност при доделата на дивечот во ловиштата на користење, при исти услови, би имале досегашните концесионери на дивечот, а кои најмногу припаѓаат на ловечките друштва.

Законот за дивечот и ловството дава можност за формирање на полигон за лов на ситен дивеч од вештачко производство, како и законска можност за формирање на фарми за производство на месо од дивеч. На овој начин се допринесува во развојот на ловниот туризам, како и можност за производство и промет на месо од дивеч.

Нов Закон за дивеч и ловство

ОБУКА ЗА ЛОВЦИ, ЕЛЕЦИ, ИЗМЕНЕТ ЛОВЕН КАЛЕНДАР

Сподели: