ГФК „Осогово“ поразено од ФК „Беса“

Стартот на пролетната полусезона во Втората фудбалска лига на Македонија ги потврди најавите дека првенството ќе биде неизвесно и возбудливо. Постигнатите резултати во првото коло варираат од очекувани до изненадувачки. Кај очекуваните се победата на ФК „Беса“ над ГФК „Осогово“ од 3:0, а кај изненадувањата е победата на ФК Вардар Неготино против ФК „Детонит Пласчковица“ од 2:0.

Еве ги резултатите од првото пролетно коло: ФК „Беса“ – ГФК „Осогово“ 3:0, ФК „Скопје“ – ФК „Каменица Саса“ 1:0, ФК „Аресини“ – ФК „Новаци“ 2:0, ФК „Караорман“ – ФК „Кожуф“ 1:0, ФК „Охрид“ – ФК „Башкими“ 0:2, ФК „Пелистер“ – ФК „Беласица“ 3:0, ФК Тетекс“ – ФК „Победа“ 0:0 и ФК „Вардар Неготино“ – ФК „Детонит“ 2:0.

Сподели: