Кочанските роботичари – апсолутни победници
Членовите на едукативниот центар СТЕМ роботика од Кочани ги освои првите места и во двете категории, млади роботичари од 6 до 10 години, и од 10 до 16 години, на шестиот државен натпревар по роботика, чиј домаќин беше градот Штип. Кочанските роботичари се прогласени за апсолутни победници во конкуренција на 180 свои врсници од 22 екипи од повеќе градови во дрзавата.
Повозрасната екипа на кочанскиот едукативен центар СТЕМ роботика со освоеното прво место се стекна со право да учествува на светскиот шампионат по роботика што од 7 до 9 јуни треба да се одржи во Масачусетс, САД. Екипата е составена од ученици од Кочани и од Виница, кои се редовни членови на едукативниот роботски центар во Кочани ја сочинуваат: Андреј Дамјанов, Горјан Тасев, Филип Ристов, Тања Врчко, Глигорие Фудолски, Бране Тасев, Љубиша Митев и Славе Јорданов.
Натпреварувањето е под закрилата на ООН која за оваа година ја одреди тематиката на иновативни проекти на места за рекреација со помош на новите технологии. Кочанчани беа најдобри во сите четири категории, основни и иноваативни вредности, потоа во проектна тематика, во робот дизајн и роботска игра. Оваа екипа беше национален победник и пред две години, а приматот го потврди и на годинашниов државен натпревар во рамките на Фирст Лего лигата на Македонија“, вели претседателот на лигата Гордан Анастасов.