Почнува вградувањето паметни уреди во јавното осветлување во Кочани

Во рамките на проектот „Паметно мерење и управување на енергијата во системот за јавно осветлување во Кочани“ се одржа состанок за воведување во работите на избраниот изведувач кој ќе врши надградба на постојните улични кабинети со паметни уреди за управување и мерење на енергијата во системот за јавно осветлување во општина Кочани.

Во наредниот период, до крајот на април, „Македонски телеком“ како изведувач на работите, во 69 улични кабинети ќе постави паметни уреди, коишто ќе придонесат за подобрување на работењето и управувањето на уличното осветлување во Кочани и за заштеда и поефикасно искористување на електричната енергија.

Овој проект кој е поддржан од проектот „ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници во Западен Балкан и Турција, финансиран од Европската Унија и Германското федерално министерство за економска соработка и развој“, претставува чекор напред кон модернизацијата и управувањето со енергијата во системот за јавно осветлување во Кочани

Сподели: