Нови садници покрај тротоарите и во парковите

Деновиве се озеленуваат нови површини во централното градско подрачје на Кочани.

Се засадуваат нови садници од видовите јасен, јавор, липа, црвена слива и платан покрај тротоарите по неколку улици, како и на повеќе парковски површини.   

Општина Кочани апелира до граѓаните грижливо и совесно да се однесуваат и да не ги оштетуваат новите садници и останатата високостеблеста вегетација.

Сподели: