Маж загина во сообраќајка на експресниот пат

Триесет и девет годишен маж загина во трагичната сообрајна несреќа што ноќеска се случила на експресниот пат Штип-Кочани, близу клучката за накај Пробиштип. Пријавата за трагичната несреќа во СВР-Штип стигнала во 2.24 часот, потврдуваат од СВР-Штип. Според неофицијални информации во несреќата учествувало само едно возило.

Од првичниот увид е утврдено дека автомобилот марка Рено „лагуна“ со скопски регистерски таблички, од засега непознати причини  излетало од коловозот, Притоа, од здобиените повреди починал совозачот И.М од Скопје, додека сопругата која наводно го управувала возилото, како и две малолетни деца се пренесени во штипската Клиничка болница. Увидот на местото на несреќата е во тек.

На овој експресен пат од почетокот на годината досега во три тешки сообраќајки животите ги загубија пет лица, што ја доведува во прашање неговата безбедност.

Сподели: