Потпишан договорот за изведба на новопроектирана улица на Пониква
Градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов го потпиша договорот за изведба на новопроектирана улица со должина од 340 м, во СРЦ „Пониква“. Потпишувањето на договорот е по спроведена јавна набавка од Центарот за развој на Источниот Плански Регион, а за изведувач е избран „Дикор ЦД“ од Струмица.
Реализацијата е со средства за планските региони обезбедени од Буџетот на Република Северна Македонија, Центарот за развој на Источниот Плански Регион и од Буџетот на Општина Кочани – со одлука на Советот на Општина Кочани за кофинансирање на проектот „Уредување на СРЦ Пониква“.
Крајниот рок за изведба на новопроектираната улица на Пониква е 30 ноември 2024 година.