Од утре први пензиите ќе ги подигнат …

… пензионерите со најмали пензии, до 11.000 денари. Еве ја веста која пензионерите ја очекуваат. Oд  27. октомври, започнува етапната исплата на октомвриските  пензии. Министерството за труд и социјална политика информира дека пензиите ќе бидат исплатени предвреме и етапно, со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот КОВИД-19.

Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

Првиот ден, на 27 октомври ќе се исплатуваат пензиите до 11.000 денари; Во  среда, на 28-ми пензиите од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток, на 29 октомври пензиите со износ од 14.001 денари до 18.000 денари и во петок, на 30 октомври, ќе се исплатуваат пензиите над 18.000 денари.

Пензионерите кои користат платежна  картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од вторник  28 октомври . Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Етапното процесирање на пензиите ќе овозможи спроведување на препораките и мерките за спречување и ширење на вирусот, со оглед на тоа што пензионерите како возрасна група се најранливи.

Потсетуваме и на обврската за носење лична заштитна опрема којашто ги покрива пределот на носот и устата, како и на држење растојание при чекање ред пред и внатре во банките.

Сподели: