Деветмина во трка за претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани
Девет кандидати се пријавиле на Јавниот повик на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ за престижната општинска функција Претседател на Општинскиот комитет на Кочани. Кој од пријавените Дарко Стојчевски, Гоце Марков, Игор Голубов, Марија Ананиева, Зоран Беличев, Иван Андов, Мирче Стојков, Перо Георгиевски и Спиро Златков ќе го замени досегашниот Миле Лефков, ќе се види во изборната постапка која ќе се спроведе во партијата. За сега се знае дека по првото интервју изборот ќе се сведе на тројца кандидати кои ќе продолжат понатаму, до изборот на првиот човек на партијата.
Досегашниот претседател Миле Лефков стана Пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, па според некоја логика и досегашна пракса, новиот локален лидер би можел да биде идниот кандидат за градоначалник на Кочани, иако не мора да значи. Во секој случај граѓаните и особено членовите на партијата со нетрпение очекуваат да дознаат кој ќе биде новиот предводник на ОК на ВМРО ДПМНЕ во Кочани, со оглед на фактот дека изборот се случува во чувствителен момент, од повеќе аспекти.