Препукувања околу ребалансот на буџетот
Започна дебатата за ребалансот на буџетот во Собранието на РСМ, со препукувања помеѓу власта и опозицијата. Определено е 470 милиони евра да се одвојат за четвртиот пакет економските мерки за справување со последниците од корона вирусот. 70 милиони евра ќе бидат за субвенционирање на 250 илјади плати за месец октомври, ноември и декември.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ смета дека предвидениот ребаланс нема да ги даде очекуваните резултати. Поедини пратеници го нарекоа неразвоен и лошо конципиран, кој може да ја одведе земјава во уште поголема финансиска и економска криза.
Од ВМРО-ДПМНЕ се доставени 188 амандмани, од кои само 71 поминаа во комисија, а прифатени се 9. Од друга страна, амандманите на албанската опозиција не беа прифатени, што предизвика реакции кај поедини пратеници.