Брзи тестови за 15 минути, за 1000 денари

Откако подолг период беа најавувани, брзите тестови конечно ќе бидат пуштени во употреба од утре 2.ноември. Еден таков тест граѓаните ќе ги чини 1.000 денари, а резултатот од истиот ќе биде познат за петнаесетина минути.

Инаку, поради се потешката финансиска состојба на граѓаните, државните институции во неколку наврати упатија апели до приватните здравствени организации да ги намалат цените на тестовите за Ковид 19, бидејќи сеуште за еден се наплаќа од 4.000 до 6000 денари, зависно од брзината на објавување на резултатот. Тука се и патните трошоци за граѓаните од внатрешноста.

Сподели: