Коритото ќе се уредува догодина

Предлог Програмата за изградба и реконтрукција на речно корито на Кочанска река во општина Кочани за 2021 година ќе се реализира со искористување на планираните средства за финансирање и тоа од Грантот од МСИП 2, во износ од 10.615.000 и од Сопствени средства на општината во висина од  4.000.000 денари, или вкупно 14. 615.000 денари.

Реазлизацијата на проектот предвидува регулација на коритото на Кочанска Река во должина од околу 450 метри, на потегот од последниот сообраќаен мост што ги поврзува улиците „Гоце Делчев“ и „Борис Трајковски“, на север до месноста Бавчалук. Планирано е да се изработи поголемо корито со широчина од 12 до 15 метри, а во него помало, широко три метри, коешто ќе ја прифаќа водата. Според можностите на теренот ќе се гради кеј од масивни бетонски ѕидови со висина од 2 до 3 метри, бетонски скали и каскадни решенија на одредени делови.

Надвор од главното корито, на десниот брег од реката ќе се гради патека со широчина од 3 м, од кои 2 м се наменети за пешаци, а останатиот дел е предвиден за зелен појас.

По целата должина на регулираното речно корито од двете страни ќе се постават канделабри, клупи и метални корпи за отпадоци.

Со реализацијата на овој проект ќе се подобри и пропусната способност на речното корито, кое ќе се ослободи од обрасната вегетација и импровизирани објекти.

Сподели: