Кочани со 21, Виница со 2 новозаболени

Од направени 1.293 тестирања, а регистрирани се 515 нови случаи на ковид-19, во последните 24 часа. Од нив во Кочани се регистрирани 21 новозаболен и во Виница 2. Вo некои од другите градови состојбата е следна, во Скопје 207, Куманово и  Штип по 33, Прилеп 25, Тетово 17, Велес 21, Битола 22, Охрид 3, Струмица 17, Крива Паланка 8, Радовиш 7, Крушево 1, Пробиштип 7, Демир Хисар 3, Пехчево 2, Берово 10, Делчево 11, Кратово 1, Свети Николе 2, Кичево 18, Неготино 12.

Битката со Ковид 19 ја загубија 20 лица, тројца од Скопје, двајца од Куманово, еден од Штип  на 53 г, двајца од Прилеп на 38 и 46г, двајца од Тетово 36 и 55г, еден од Битола и еден од Охрид, двајца пациенти од Гостивар, четворица од Струмица на 70, 63, 48 и 65 , еден од Крива Паланка и еден пациент од Крушево. Сите пациенти се починати во болнички услови.

Институтот за јавно здравје регистрира и 1.194 оздравени пациенти од кои во Кочани 30,и во Виница-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 40.275, бројката на оздравени пациенти е 24.229, на починати е 1.156, а бројот на активни случаи изнесува 14.890. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата во Кочани е 901, од кои активни 288, а во Виница 238, активни 119.

Сподели: