Преглед на состојбата со Ковид 19

Информацијата од ЈЗУ Центарот за јавно здравје Кочани за состојбата со Ковид 19 хронолошки ја следи состојбата и ги сумира резултатите во периодот од 24.03.2020 до 31.10.2020, и од 01.11. до 11.11.2020 година. Оваа Информација денеска ќе се најде на дневен ред на Советот на Општина Кочани.

Според Информацијата, на 24 март 2020 година, во пунктот во ЈЗУ ЦЈЗ Кочани, за прв пат се земени брисови, и до денес се врши земање на брисови (назофарингеален и орофарингеален) во присуство на обучен доктор и лаборант. На 1 април 2020 во Кочани е евидентиран прв случај на заразен од КОВИД-19. На 6 април прв починат од коронавирус во Кочани, маж на возраст од 40 години.

Од 24 март 2020 до 31 мај 2020 во Кочани се земени (693), јуни (226), јули (275), август (518), септември (870), октомври (975) вкупно 3557 брисови. До 31 октомври се починати 16 лица (7 машки и 9 женски) најмногу на возраст од 60-69 години (6 починати). Од 14 јуни до 31 октомври 2020 заболени од COVID-19 се 667 лица најмногу на возраст 60+ години (151) и од 30-39 години (142) а најмалку деца под 1 година (1) и од 4-6 години (1).

Во однос на занимањето, најмногу позитивни во Кочанскиот регион се работници (344), пензионери (112), невработени (71), професори (25), ученици (22), деца (17), студенти (12), полицаец (10), лекар (8) , мед.сестри (6), фармацефти (7) итн.

Најмногу заболени според местото на живеење: Koчани (495), с.Оризари (43), с.Соколарци (20), с.Чешиново (18), с.Спанчево (17), с.Грдовци (11), а по 1 случај во с.Жиганци, с.Долни Подлог, с.Нивичани и с.Теранци.

До 31 октомври 2020 во Кочани состојбата е следна: заболени вкупно (735), кумулативна инциденца (1532,2), умрени вкупно (16), морталитет кумулативно (33,4), леталитет кумулативно (2,2), оздравени вкупно (506), активни случаи (213). Стапката на морбидитет/10000 од Covid-19 за  Кочанскиот регион изнесува 156 , а стапката на морталитет/100000 од Covid-19 за Кочанскиот регион изнесува 34.

Резултати од 01.11.2020 до 11.11.2020

Заболени :

  • 01.11.2020 – 17 заболени од Кочани (од кои 1 од Општина Чешиново-Облешево)
  • 02.11.2020 – 15 заболени од Кочани (од кои 1 пациент е од Општина Чешиново-Облешево)
  • 03.11.2020 – 8 заболени од Кочани
  • 04.11.2020 – 27 заболени од Кочани (од кои 2 пациенти се од Општина Чешиново-Облешево)
  • 05.11.2020 – 20 заболени од Кочани (од кои 3 пациенти се од Општина Чешиново-Облешево)
  • 06.11.2020 – 22 заболени од Кочани
  • 07.11.2020 –  20 заболени од Кочани (од кои 2 пациенти се од Општина Чешиново-Облешево)
  • 08.11.2020 – 32 заболени од Кочани
  • 09.11.2020 – 21 заболени од Кочани (од кои 2 пациенти се од Општина Чешиново-Облешево)
  • 10.11.2020 – 3 заболени
  • 11.11.2020 – 29 заболени (од кои 5 пациенти се од Општина Чешиново-Облешево)

ВКУПНО заболени од Covid-19 во град Кочани 216  (од кои 6 од Општина Чешиново – Облешево) во период од 01.11.2020 до 11.11.2020

Земaни брисови за Covid-19  во ПУНКТ КОЧАНИ ВО ЈЗУ ЦЈЗ КОЧАНИ

   02.11.2020 – 64

  • 03.11.2020 – 72
  • 04.11.2020 – 81
  • 05.11.2020 – 93
  • 06.11.2020- 104
  • 07.11.2020- 88
  • 09.11.2020 – 66
  • 10.11.2020 – 89
  • 11.11.2020- 76 

ВКУПЕН БРОЈ НА ЗЕМЕНИ БРИСОВИ ВО ПЕРИОД ОД 01.11.2020 ДО 11.11.2020 – 733 брисови

Починати во период од 01.11.2020 до 11.11.2020 – 5 починати од Covid-19 од кои (3 женски и 2 машки) , двајца на возраст од 50-59 години , еден на возраст од 70-79 година и двајца починати на возраст од 80-89 години)

ПОДАТОЦИ ЗА COVID – 19 во период до 11.11.2020 (Кочани)

Вкупен број на заболени (933) , кумулативна инциденца (1944.9)

  • Починати – (19) , морталитет (кумулативно) – 39.6
  • Леталитет (кумулативно) 2.0
  • Оздравени (вкупно) -619
  • Активни случаеви (вкупно)- 295
Сподели: