25 новозаразени и 7 оздравени пациенти во последните 24 часа во Кочани од Covid 19
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19, од кои во Кочани се регистрирани нови 25 инфицирани. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти од Кочани. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587 . Во Кочани се активни 211 случаи.
Прочитај повеќе