КОВИД 19 

Кочани со 22 новозаразени и 9 оздравени пациенти во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2748 тестирања, а регистрирани се 934 нови случаи на ковид-19 од кои во Кочани се регистрирани нови 22 заразени пациенти. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 454 оздравени пациенти од, а во Кочани се оздравени 9 лица. Починати се 5 лица, тројца пациенти од Скопје (58, 68 и 75г) и двајца од Прилеп (73 и 78г). Сите се починати во болнички услови.  Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 30488, бројката на оздравени…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

25 новозаразени и 7 оздравени пациенти во последните 24 часа во Кочани од Covid 19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2699 тестирања, а регистрирани се 862 нови случаи на ковид-19, од кои во Кочани се регистрирани нови 25 инфицирани. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти од Кочани. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 29558, бројката на оздравени пациенти е 19994, на починати е 977, а бројот на активни случаи изнесува 8587 . Во Кочани се активни 211 случаи.

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Од денеска задолжително носење маски и забрана за групирање на отворено

Носењето лична заштита на лицето станува задолжително за граѓаните со новите измени на Законот за заштита на населението од заразни болест, што синоќа ги усвои Собраните. Со цел справување со заразата, во моментов на сила се неколку мерки како намален капацитет на превозот на патници на 50%, скратено работно време на угостителските објекти до 23 часот, како и забрана за групирање на повеќе од 4 лица по 23 часот. Носењето на заштитна маска на лицето станува задолжителна за граѓаните. Оваа мерка ќе важи за движење на јавни места и површини…

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Времето денеска облачно со магла по котлините

Времето претпладне ќе биде облачно, по котлините магливо, а попладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во крајните јужни делови ќе има услови за слаб дожд. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8 степени, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Владата ја разреши комисијата за проценка на штетите од невремето во Кочани

Владата денеска изрази несогласување со Збирниот извештај за настанатите штети од елементарни непогоди кои ги зафатија општините: Валандово, Велес, Кочани, Пробиштип и Свети Николе на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди. Владата донесе одлука членовите на Комисијата да бидат разрешени од членството во неа поради неефикасно и несоодветно решавање на предмети од суштинско значење за граѓаните и мандатот на Комисијата. Нови членови на Комисијата за проценка и утврдување на висината на штети од елементарни непогоди ќе бидат именувани на една од наредните седници на…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Кривична пријава за разбојништво против четири лица од Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Џ.Џ.(19), М.А.(20), С.М.(30) и С.Р.(17), сите од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 24.07.2020 во Кочани, на ул.,,С.Стојменов“, пријавените насилно влегле во продавница, физички го нападнале сопственикот Д.И. и одзеле пари.

Прочитај повеќе
ВЕРСКИ КАЛЕНДАР 

Денеска е голем празник, ден кога се случуваат чуда: Света Петка може да ви донесе љубов и здравје

Православните верници, денес на 27 октомври, ја слават Света Петка. Света Петка многумина ја сметаат за заштитник и се верува дека таа особено ги штити и им помага на жените, децата и старите лица. Верниците се молат на неа, особено жените, да им помогне во животните проблеми. Покрај храмовите посветени на светицата, често има и извори и се верува дека водата од овие извори е лековита и многу помага во заздравувањето. Според популарното верување, Света Петка на верниците често им се појавува во сон од две причини: да обезбеди утеха…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

3 новозаразени, 11 оздравени и двајца починати пациенти од Кочани

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа во Кочани се регистрирани 3 новозаразени пациенти, а Институтот за јавно здравје регистрираше 11 оздравени пациенти. Двајца пациенти од Кочани (49 и 68г) се починати во болнички услови. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 27199, бројката на оздравени пациенти е 18948, на починати е 934, а бројот на активни случаи изнесува 7317. Во Кочани денес има 203 регистрирани активни случаи.

Прочитај повеќе
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА 

Следните денови стабилно време со утринска магла по котлините

Во следните денови ќе преовладува претежно стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини. Утринската температура в недела, на 1 ноември, ќе се спушти до 0 степени, а дневната ќе достигне 19 степени, информираат од УХМР. В среда, особено во јужните делови, а в петок и сабота на повеќе места ќе има услови за повремени врнежи од дожд. Во петок и за време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Прочитај повеќе