ЦРНА ХРОНИКА 

Кривична пријава за разбојништво против четири лица од Кочани

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Џ.Џ.(19), М.А.(20), С.М.(30) и С.Р.(17), сите од Кочани, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 24.07.2020 во Кочани, на ул.,,С.Стојменов“, пријавените насилно влегле во продавница, физички го нападнале сопственикот Д.И. и одзеле пари.

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Кочанчанец заработи кривична пријава за поткуп

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 43-годишниот И.Д. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. На 29.07.2020 во кругот на „Здружение на возачите“ во Кочани, пред закажан термин за полагање на возачки испит за Ц – категорија, во товарно возило сопственост на авто школа, пријавениот, на службените лица, при приложување на документи за лична идентификација, им дал и банкнота во апоени од 100 евра, со цел истите да му овозможат да го положи возачкиот испит. Извор: Билтен на МВР

Прочитај повеќе