ВМРО-ДПМНЕ распиша оглас за избор на претседатели на повеќе општински комитети
ВМРО-ДПМНЕ на состанок на Извршниот комитет донесе одлука за распишување оглас за избор на нови претседатели на општинските комитети во Берово, Босилово, Богданци, Делчево, Дојран, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Маврово и Ростуше, Ново село, Прилеп, Радовиш, Струмица, Василево и Куманово. Како што информираат од партијата, Извршниот комитет донел и повеќе кадровски одлуки како дел од катарзата во ВМРО-ДПМНЕ најавена од претседателот Христијан Мицкоски. Останува во следниот период да се види кој ќе го наследи Миле Лефков кој замина на пратеничката функција.
Прочитај повеќе