„Фиат Пунто“ усмрти виничанец
Вчера околу 18,00 часот во Виница на ул.„Крушевска Република“, патничко моторно возило „Фиат Пунто“ со винички регистарски ознаки, управувано од З.П.(40) од Виница, удрило во пешакот М.Г.(66) од Виница, кој се здобил со тешки телесни повреди, соопштуваат од МВР. Веднаш по незгодата настраданиот М.Г. со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Здравствен дом Виница, каде била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Виница. Истрагата е во тек.
Прочитај повеќе