На 27.09.2020 во периодот од 13.00 до 19.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената. -Од извршената акциска контрола санкционирани се вкупно 97 прекршоци, од кои 39 возачи управувале со брзина поголема од дозволената надвор од населено место и 58 во населено место. Преземени се 97 мерки за прекршоците и тоа 29 Штип, 20 Кочани, 14 Берово, 12 Делчево, 9 Виница, 7 Свети Николе и 6 Пробиштип. Санкционирани се и 42 останати прекршоци, информира МВР.
Прочитај повеќе