ПОЛИТИКА 

Поддршка од Заев за Илијев-за втор мандат

Актуелниот градоначалник на Општина Кочани, Николчо Илијев е меѓу избраните од страна на премиерот Зоран Заев, за уште еден мандат, секако доколку ги победи конкурентите од другите политички партии на локалните избори во Октомври. Заев бил задоволен од работата на Илијев, но и покрај неговиот личен став, сепак ќе бидат пресудни реакциите на граѓаните за повторното кандидирање.  Покрај зад градоначалникот на Кочани, премиерот истакна дека ќе застане и зад неколку други кандидати, како што се актуелните градоначалници на Валандово, Богданци, Дојран, Конче, Штип, Старо Нагоричане, Крушево, Маврово Ростуше, Демир Капија.…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Малолетници снимале порнографија со малолетничка

43-годишна жена од Кочани пријавила дека биле дистрибуирани две видеа со компромитирачки материјал за нејзината малолетна ќерка, од Инстаграм профил, соопшти полицијата. Имено, Полицајци од Кочани, во координација со ОЈО Кочани, презеле мерки за расчистување на настанот, при што бил извршен претрес во домот на едно малолетно лице, а повикани на разговор биле двајца малолетници на кои им биле одземени мобилните телефони и компјутери. По целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок до ОЈО во Кочани.

Прочитај повеќе
СПОРТ 

„ОСОГОВО“ ДОБИ 1.700.000, „СЛОГА“ – 700.000, ЖФК „КОЧАНИ“ – 500.000 ДЕНАРИ

Агенцијата за млади и спорт ја објави целосната листа на клубови кои добиваат финансиските ваучери кои значително ќе им помогнат во нивното понатамошно функционирање. Меѓу клубовите од регионот кои најмногу се офајдија од парите од Агенцијата за млади и спорт е  ГФК Осогово кој доби 1.700.000 денари. На сметката на второлигашот ФК „Слога 1934“ ќе легнат 700.000 денари, или два ипол пати помалку од кочанскиот второлигаш.Значајна сума на средства доби и ЖФК „Кочани“ на кого АМС му додели 500.000 денари.Со овие износи се очекува значително да се подобри финансиското работење…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

За три години во развојот на туризмот на Пониква се инвестирани над 150 милиони денари

Брифингот со повеќе од 20 медиумски работници од регионот,што градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев го одржа во петокот, на 5 февруари, беше посветен на промоција на Пониква и на  Осоговските Планини, а не на личности или функционери. Податокот дека само во еден викенд на Пониква имало повеќе од 5 илјади посетители е показател дека инвестициите за развој на туризмот даваат резултат. Само за три години на Пониква се вложени повеќеод 150 милиони денари. Тоа говори за менаџирање, а не за партиска политика. Граѓаните се благодарни за моторните санки, топовите…

Прочитај повеќе
ЦРНА ХРОНИКА 

Излетал патнички воз на пат кон Кочани- повредени нема

Вчера попладне, излетал патнички воз на делницата од Велес кон Штип во делот кај Овче Поле. Неофицијалните информации се дека меѓу десетината патници кои биле во единствениот патнички вагон, нема повредени. Од Македонски железници АД Транспорт потврдуваат дека воз излетал од шините и се работи на санирање на шетата Поради излетувањето на патничкиот вагон, железничкиот сообраќај од и кон Кочани од вчера попладне е во прекин.

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

ОК ВМРО-ДПМНЕ Кочани : Николчо Илијев лицемерно ја најавува својата кандидатура

Иако брифинзите се најнормална работа во демократските општества, тоа не е случај и со нашиот градоначалник. Имено, кога се работи за оние информации за граѓаните кои се расправаат на седниците на Советот на град Кочани, тогаш настанува медиумски мрак. Но, кога се работи за себепромоција и на скриен начин се ,,најавува” кандидатура , тогаш ЗА ЖАЛ, медиумите му се добри на нашиот градоначалник. Иако имаше повеќе конструктивни прашања од страна на новинарите, одговорите го потврдија фактот дека најголем дел од проектите се изградени и наследени од минатото во време кога…

Прочитај повеќе
ЕКОНОМИЈА 

ШЕСТ КОЧАНСКИ ФИРМИ, ДОБИЛЕ ПОМОШ, АМА НЕ ЈА ИСПЛАТИЛЕ

Пет фирми од Кочани и една од општина Чешиново-Облешево се на списокот на УЈП, кои не ги исплатиле платите добиени како помош од државата, поради Ковид кризата. Најголемиот износ кој го добила една фирма изнесува 87.000 денари, а најмалиот 17.410 денари. Вкупната неисплатена помош од шесте фирми изнесува 229.486 денари. Овие фирми, како и стотината други во државата, добиле опомени, и доколку не ја исплатат помошта, ќе следува присилна наплата со блокада на нивните сметки и преност на средствата на сметките на нивните вработени. Инаку, од различни дејности се компаниите…

Прочитај повеќе
туризам 

Жално е за Пониква

Народниот мудрец не случајно рекол: при две мајки-детето килаво. Таква некаква е судбината на Пониква, спортско-рекреативен центар кој еден планински пат ја дели на две општини, Кочани и Пробиштип. Од десната страна, каде што е некогашното детско одморалиште и ски лифтот број еден е на Кочани, а левата страна каде се угостителските објекти, централните викендички и ски лифтот број 3, заедно со касарните, е на Пробиштип. Меѓутоа, и покрај поделеноста, се добива впечаток дека за се овде се грижи Општина Кочани. Реконструкцијата на патот и на ски лифтовите, додавањето нови…

Прочитај повеќе
туризам 

Кочани, Пониква, Царев Врв …

Само 19 милиони евра ги делат општините кои гравитираат кон Осоговските Планини и преубавиот Царев Врв, како предодреден да прерасне во репрезентативен зимски туристички центар. Таквите средства не се невозможна мисија, ако се знае дека од туристичкото ефектуирање на половина година белите врвови ќе се офајдат Кочани, Крива Паланка, Пробиштип, Македонска Каменица, Кратово, но и другите општини во источниот дел на државата. На последната средба на градоначалникот Николчо Илијев со новинарите, на Пониква, тој истакна дека сонува да го види Царев Врв како развиен ски центар со жичари, ски лифтови,…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Една фотеља, многу кандидати за градоначалник

Како приближуваат локалните избори, предизборната атмосфера се повеќе се загрева, а политичките случувања и теми се се поприсутни меѓу граѓаните. Некои тоа го форсираат преку проекти, други преку прес конференции со кои полека ја бомбардираат јавноста, трети со коментари какви ќе бидат изборите. Во партиските кулоари од почетокот на оваа изборна година најмногу се зборува за можните кандидати за градоначалничката функција, особено во двата доминантни политички блока, каде веќе се вртат голем број имиња. Иако, можеби во сенка, но значајно внимание им се посветува и на советничките листи, каде исто…

Прочитај повеќе