ОПШТИНА КОЧАНИ 

Последна реакција од општината

Оваа реакција е насочена кон Канал 8 Телевизија, но имајќи го во предвид нивното делумно и селективно првично споделување на демантот од страна на Општина Кочани, оваа реакција ја проследуваме до сите медиуми. Имајќи во предвид дека по завршувањето на сите активности и процедури од споменатиот проект во првичната објава на Канал 8 Телевизија, Општина Кочани како краен корисник на резултатите од проектот, чувствува должност да ја запознае пошироката јавност со реалната ситуација. Го замолуваме именуваниот медиум во иднина доколку има прашања за работите од надлежност на општината, истите да…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Маратонецот Бошко Илиев пливаше на езерото Гратче

По повод Петровден, кавадарчанецот Бошко Илиев, доктор специјалист по спортска медицина, придружуван од пливачи од Кочани, пливаа маратон во вештачкото езеро „Гратче“. Годинава популарниот маратонец Илиев имаше техничка поддршка од службите на Дирекција за заштита и спасување и од членови на СЗР „Кочански рибар“ кои го следеа со кајчиња.  – Намерата  ми е да го промовирам пливањето како здрава спортска и рекреативна дисциплина, а  паралелно со тоа и да ги популаризирам природните убавини на езерата. Како лекар, но и како продолжувач на традицијата на македонското маратонско пливање, сакам да им…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Планинарски марш до врвот Китка

Во организација на Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, а со поддршка од Општина Кочани, в недела, 16 јули, љубителите на природата и пешачењето ќе се искачат на врвот Китка на Осоговските Планини. Според претседателот на ПСК „Осогово“ Тошо Антов, ќе се појде во 6 часот наутро од Градскиот парк, а кон врвот Китка ќе се приоѓа откај селото Горна Цера. Кај манастирот Еленец ќе има кратко  објаснување за рутата и правилата за движење во планина. Кон врвот Китка, кој се наоѓа на 1903 м н. в. ќе се пешачи…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Реакција на Општина Кочани

Почитувани медиуми,  Општина Кочани упати реакција во врска со текстот објавен на Канал 8 ТВ под наслов: „Две години Планинарскиот дом на Пониква не е во функција – стои празен, а околината е запуштена“, кој од страна на Канал 8 ТВ не е објавен во целост. Писмената реакција од Општина Кочани е  скратена и со новинарски дополнувања. Со цел јавноста да ја има целата реакција во вид, ја испраќаме и до вас.  Реакција на Општина Кочани во врска со текстот објавен на Канал 8 ТВ под наслов: „Две години Планинарскиот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Мурали на влезот во Кочани

Завршени се двата мурала на улица „Димитар Влахов“ во Кочани кои на влезот на градот му дадоа урбано обележје. Муралите претставуваат комбинација на традиционални и карактеристични мотиви за Кочани, во кои доминираат фолклорни елементи, препознатливи објекти од општината и стилизација на оризот како специфична култура за Кочанско. Во периодот кој следува просторот опфатен со мурали ќе биде осветлен, што ќе овозможи уште поавтентичен изглед и амбиент. Муралите се изработија во рамките на Петровденската програма и Програмата за култура на Општина Кочани.

Прочитај повеќе
ОПШТИНА ВИНИЦА 

Виница го слави Павловден

Со свечена седница, на која беа доделени награди за најдобрите ученици, и науспешните поединци во полицијата, противпожарната служба, здравството, културата и спортот, Виница го заокружи празнувањето на денот на градот Павловден. Непосредно по завршување на седницата, Градоначалникот Миле Петков изјави: Со многу манифестации и настани и годинава го славиме денот на Виница, Павловден, доделувајќи награди и признанија за најуспешните во своите сектори и професии. Ја користам оваа прилика на граѓаните на Виница да им го честитам празникот. Инаку, во рамки на Павловденското празнување денеска се одржаа повеќе верски, музички и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Спектакуларен концерт на ДНК во преполниот градски парк

Концертот на екстра популарните ДНК, со омилените шоумени Панчо и Андреј, синоќа му дојде како шлаг на торта на Петровденското празнување на Кочани. Огромен број млади од Кочани, Штип, Виница и другите населени места, го преполнија градскиот парк, пеејќи ги и џускајќи на хитовите на популарната група. Току Андреј и Панчо успеаја да ја воспостават позитивната конекција со публиката, подигнувајќи ја концертната атмосфера до кулминација со заедничкото пеење на безвремените композиции. Се имаше во рамките на незаборавниот концерт. Честитање роденедени, придружно пеење од девојче од публиката, наградно пиво и своевидна…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

По повод Петровден –  наградени најуспешните ученици од Кочани

Во рамките на одбележувањето на Петровден, празникот на Кочани, градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов организираше прием за првенците на генерацијата од основните и од средните училишта во Кочани и за учениците што добиле награди на државните и на меѓународните акредитирани натпревари. Во своето обраќање градоначалникот им ги честита на учениците постигнатите резултати, пренесувајќи дека го почитува и го цени вложениот труд и залагањата да бидат најдобри и им се заблагодари за достојното претставување на Кочани во сферата на образованието. Првенците на генерација: Андреа Димитрова (ОУ „Никола Карев“), Ева Костадинова (ОУ…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кочани останува регионален лидер според индексот на активна транспарентност на општините

Со 1,3 процентни поени зголемување на годишно ниво, Општина Кочани трета година по ред останува на врвот на ранг-листата за активна транспарентност во Источниот Регион. Според Индексот на активна транспарентност за 2023 година на Центарот за граѓански комуникации, со 97, 1 %, Општина Кочани  се задржа на шестото место во вкупното рангирање, во групата на најдобрите 10 институции со ‘многу добра’ активна транспарентност, кои ги исполнуваат обврските од 80 до 100 %. Подобрувањето на транспарентноста со 1,3 % во однос на 2022 година е значајно, ако се земе предвид податокот…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Расчистување во градската депонија

КЈП “Водовод” Кочани во соработка со Општина Кочани во наредните неколку денови интензивно ќе работи на целосно расчистување на Градската депонија и пристапот во внатрешноста. За таа намена е ангажирана соодветна механизација од приватна фирма која до целосното расчистување на депонијата ќе остане таму. Поради тоа што станува збор за огромни количини на комунален отпад, смет и градежен шут и секакви други отпадоци беше потребно ангажирање на дополнителна механизација која КЈП “Водовод” Кочани во моментов ја нема на располагање. Истовремено апелираме до граѓаните кои ќе изнесуваат отпад за време на…

Прочитај повеќе