ОПШТИНА КОЧАНИ 

Пензионерите со нов протест

Иницијативниот одбор на пензионерите од Кочани организираше уште еден во низата протести за исполнување на барањата доставени до ресорното министерство, Владата и Собранието на Република Македонија, кои се однесуваат на линеарно зголемување на платите за 5000 денари и определување минимална пензија од најмалку 18.000 денари. На локацијата пред Центарот за култура „Бели Мугри“, пред насобраните пензионери со ниски пензии, зборуваа потпретседателот на ИО Моне Горгиев и секретарот Орце Димитров, кои практично информираа за преземените активности од страна на републичкото здружение. Пензионерите беа информирани за закажаниот генерален протест на пензионерите од…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Хуманитарен настан за учениците со попреченост во СОУ „Гошо Викентиев“ 

По повод 3 Декември, Денот на лицата со попреченост, Општина Кочани организира  хуманитарен културно-забавен настан под мотото „Без бариери“.  Во програмата што ќе се одржи во салата на ОУ „Св. Кирил и Методиј“, на 1 декември (петок), во 10:30 часот, ќе бидат вклучени сите основни и средни училишта.  Овој настан е со донаторска цел – да се приберат средства за набавка на помагало за  движење по скалишниот простор во СОУ „Гошо Викентиев“.  Општина Кочани ги повикува сите правни и физички субјекти  да се вклучат со свое учество во донаторската акција и…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Се градат улици на неколку локации во општина Кочани

Во тек се работите за изградба на улицата „Александар Митев“ во селото Тркање. Градежната фирма „Коле транс“, како избран изведувач, работи на ископ и тампонирање на траса долга 520 м, со ширина од 3,5 до 5 м. За асфалтирање на оваа улица се обезбедени 2.332.000 денари од Буџетот на Општина Кочани. Деновиве, во населбата Драчевик, градежна механизација на „Калина“ од Оризари  пробива дел од улицата „Бел камен“, која ќе биде широка 6 м, а во нејзина непосредна близина се пробива и пристапна улица со ширина од 5,5 метри. Овие градежни активности во…

Прочитај повеќе
ПОЛИТИКА 

Поради советнички сомнеж, нема да има Младински културен центар

Ќе се претвори ли политичката заслепеност во сеопшто слепило, а младите во Кочани во заробеници на контрапродуктивните политички игри? Ова прашање само по себе се наметнува откако советниците од опозицијата не гласаа за иницијативата за формирање на Младински културен центар, како јавна општинска установа, која би придонела за остварување на локалниот интерес во културата од областите на издавачката, сценско-уметничката, филмската и галериската дејност, како и во дејноста на домовите на културата, дејноста за посредување во културата и во дејноста за управување со објекти. Причината за негласањето, како што беше истакнато…

Прочитај повеќе
РЕГИОН 

Миле Петков нов претседател на ИПР

Во Кочани, во салата за состаноци во општинската зграда, Советот за развој на Источниот плански регион ја одржа тринаесеттата седница. На седницата Советот ги усвоиизмените нафинансискиот план на Центарот за развој на Источниот плански регион за 2023 година; донесе одлука за преотстапување на изградениот објект „Партерно уредување во склоп на објектот Дом на млади – Штип“; а го  донесе и Правилникот за плати и надоместоци на вработените во Центарот за развој на Источниот плански регион.  На седницата во Кочани, за претседател на Советот за развој на Источниот плански регион, сметано од 21 ноември 2023 година, е избран Миле Петков,…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Јавен повик за проекти за култура, спорт …

До 27 ноември е отворен јавниот повик на Општина Кочани за поднесување предлог-проекти за програмите за култура, спорт и социјална, детска и здравствена заштита за 2024 година. Предлог-проектите треба да имаат јасно определени цели, содржина и дефинирани финансиски средства, а може да се поднесат во каква било форма најдоцна до 27 ноември 2023 година во Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани. Општина Кочани ги потсетува спортските клубови, здруженија и поединци корисници на средства од Програмата за спорт и корисниците од програмите за култура и за социјална, здравствена и детска заштита во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Оглас за Новогодишниот бараз во Кочани

Општина Кочани го објави огласот за организирање Новогодишен базар по пат на јавно наддавање.  Право на учество на јавното наддавање имаат сите правни субјекти регистрирани во Централен регистар, кои ќе уплатат 10 % од почетната цена за лицитација до почетокот на самата лицитација. Почетната цена на јавното наддавање е 30 илјади денари, со  минимален праг на наддавање од 3 илјади денари. Јавното наддавање ќе се спроведе на 20 ноември 2023 г., во 12 ч., во просториите на Општина Кочани.  Новогодишниот базар ќе се одржи на целата парцела во Градскиот парк во Кочани, во…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Оштетен електричен столб во центарот на Кочани

Утрово, мостот кај Шопинг-центарот во Кочани осамна со уништено осветлување. Столбот и светилката, кои се дел од системот за јавно осветлување, биле мета на вандалско однесување. Оштетениот столб откај улицата „Кеј на Револуцијата“ е пресечен и нефунционален. Општина Кочани го осудува несовесното однесување врз јавното осветлување, кое како и кај урбаната и комуналната опрема е честа појава. За враќање во функција на опремата се одвојуваат средства од општинскиот буџет, што значи дека штетата ја трпи секој жител на Кочани. Општина Кочани упати пријава до надлежните институции и јавно ги повикува…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Конкурс за стипендии за 2023/2024 г.

Општина Кочани го објави конкурсот за доделување 30 стипендии на студенти, жители на Кочани. По десет стипендии ќе бидат наменети за студенти кои постигнале висок успех во студирањето и за студенти од социјално загрозени семејства, пет за студенти од ромската етничка заедница и студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести и пет стипендии за студенти на факултетите за медицински науки.  Доколку на јавниот конкурс не се пријават студенти од ромската етничка заедница, студенти кои се лица со попреченост и лица со ретки болести,  студенти запишани на…

Прочитај повеќе
ОПШТИНА КОЧАНИ 

Кочани дел од евро-програмата URBACT IV

Одборот за мониторинг на европската програма URBACT IV одобри 30 интегрирани мрежи за планирање на акции, во кои ќе учествуваат вкупно 252 организации (градови, региони, универзитети…) од 28 европски земји. Меѓу нив и мрежата Beyond the Urban, мрежа предводена од Creacció и во која партнер е Општина Кочани . Главната цел на Beyond the Urban (URBACT IV) мрежата е да развие акциски планови за мобилност помеѓу руралните области и урбаните центри на градовите и териториите учесници, во кои ќе бидат вклучени локални актери од администрацијата, бизнисот, универзитети и граѓаните. Beyond the Urban има за цел да истражува иновативни решенија во…

Прочитај повеќе