Пензионерите со нов протест

Иницијативниот одбор на пензионерите од Кочани организираше уште еден во низата протести за исполнување на барањата доставени до ресорното министерство, Владата и Собранието на Република Македонија, кои се однесуваат на линеарно зголемување на платите за 5000 денари и определување минимална пензија од најмалку 18.000 денари. На локацијата пред Центарот за култура „Бели Мугри“, пред насобраните пензионери со ниски пензии, зборуваа потпретседателот на ИО Моне Горгиев и секретарот Орце Димитров, кои практично информираа за преземените активности од страна на републичкото здружение.

Пензионерите беа информирани за закажаниот генерален протест на пензионерите од целата држава кој на 5.декември ќе се одржи во Скопје. Истовремено се започна со правење список на пензионери кои ќе учествуваат на протестот, се до исполнување на ограничениот број.

Со цел симболично да ја покажат ситуацијата во која се доведени, пензионерите своите искинати чевли ќе ги остават пред Собранието на РМ, за да испратат порака до премиерот, министрите и пратениците дека покачувањето на пензиите е неопходно и неодложно потребно.

Сподели: