КОВИД 19 

Воспитувачка позитивна, десет деца во изолација

10 деца од воспитната група од 4 до 5 години од детската градинка Павлина Велјанова , објект „Цветови„ кај градскиот пазар од денеска се во изолација. Оваа информација денеска ја потврди директорката Едита Миткова, која инфомираше дека една од воспитувачките била позитивна на коронавирусот и поради тоа децата и другата воспитувачка од истата група од денеска имаат добиено решенија за изолација. Миткова информираше дека денеска е направена вонредна дезинфекција на просторијата на групата што е во изолација. Инаку состојбата во останатите објекти на ДГ Павлина Велјанова е стабилна,односно нема други…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Во Кочани 15 новозаболени, 1 починат и 18 оздравени

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа во Кочани се регистрирани 15 новозаболени , еден починат пациенти на 65 годишна возраст и 18 оздравени пациенти. Во општина Виница се регистрирани 2 новозаразени и 6 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во Кочани е 303, а во општина Виница 171. На ниво на држава се направени 2864 тестирања, а регистрирани се 1160 нови случаи на ковид 19.

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Во Кочани 28 новозаболени и 11 оздравени пациенти

Денеска Министерството за здравство регистрираше 28 новозаразени со ковид 19 во Кочани и 11 оздравени пациенти. Од направените 3349 тестирања на ниво на држава се регистрирани 1288 нови случаи на ковид 19,од кои најголем број се од Скопје, 570. Понатаму,по градови во Куманово се регистрирани 57, во Прилеп 78, Тетово 56, Дебар 8, Штип 44, Битола 53,Охрид 30, Кавадарци 30, Гостивар 85, Гевгелија 21, Пробиштип 10, Демир Хисар 7,Македонски брод 3, Кичево 22,Св.Николе 12, Ресен 11, ,Неготино 22,Кратово 3, Радовиш 13,Берово 3,Крива Паланка 5,Велес 32,Струмица 34,Делчево 9. Висока е бројката…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

34 оздравени пациенти од Кочани се регистрирани во изминатото деноноќие.

Денеска после подолг период , за прв пат во Кочани нема регистрирано ниту еден позитивен случај на ковид 19. Институтот за јавно здравје регистрираше 34 оздравени пациети. Според денешниот извештај од Министерството за здравство во Кочани бројката на активни случаи се намали на 290. Во Виница денеска се регистрирани 3 новозаболени и 14 оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во оваа општина е 171, На ниво на држава од направените 3143 тестирања, регистрирани се 1039 нови случаи на ковид 19. Оздравени се 998 пациенти, а починаа 15 .

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Денеска регистрирани 4 новозаболени и 1 починат

Според Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје во изтиот период регистрира 528 оздравени пациенти. Бројот на починати изнесува 35, сите во болнички услови. Од новозаболените регистрирани се четири во Кочани, а еден во Виница. Потоа, 174 случаи во Скопје, 56 во Гостивар, 26 во Тетово, 20 во Битола, 19 во Штип, 17 во Куманово, по 12 во Прилеп и Велес, по седум во Делчево и Свети Николе, шест во Струмица, по четири во…

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Не ја почитувале изолацијата-заработиле кривични

Двајца кочанци, четириесет и четиригодишниот Т.Е. и четириесетидвегодишниот Л.Т. заработиле кривични пријави од надворешната канцеларија за криминалистички работи при Полициската станица во Кочани, поради тоа што „не постапувале според здравствените прописи за време на епидемија“, произлезени од Ковид 19 кризата. Иако морале задолжително да ја извршуват мерката изолација во домашни услови во определен период,за што имале и соодветни решенија, тие на 9. Ноември, 2020 година, го напуштиле домот, со што го предизвикале кривичното дело.

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Црн рекорд , во Кочани 44 новозаразени и 1 починат

Денешните бројки на новозаразени со ковид 19 во Кочани се застрашувачки. За 24 часа се регистрирани рекордни 44 новозаболени и еден починат пациент на 41 годишна возраст. Институтот за јавно здравје регистрираше 18 оздравени пациенти,а бројот на активни случаи во Кочани се искачи на 333. Во општина Виница денеска се регистрирани 11 новозаразени и еден починат пациент на 66 годишна возраст, а бројот на активни случаи изнесува 181. На ниво на држава , денеска се регистрирани 1112 нови случаи на ковид 19.

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Еден починат и 15 новозаразени од Кочани

Министерството за здравство информираше дека во последните 24 часа во Кочани се регистрирани 15 новозаразени со ковид 19 и еден починат пациент на 67 годишна возраст. На ниво на држава од направените 3200 тестирања, регистрирани се 1237 нови случаи на ковид 19. Институтот за јавно здравје регистрираше 748 оздравени пациенти од кои 15 се од Кочани. Бројот на активни случаи во Кочани е 315.

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Во Кочани 19 новозаболени и 12 оздравени пациенти

Министерството за здравство информираше дека во Кочани денеска се регистрирани 19 новозаболени и 12 оздравени пациенти. Од направените 3353 тестирања, на ниво на држава регистрирани се 1168 нови случаи на КОВИД 19. Институтот за јавно здравје регистрираше 692 оздравени пациенти. Во Виница денеска се регистрирани 5 новозаболени и двајца оздравени пациенти. Бројот на активни случаи во Кочани изнесува 319, а во општина Виница 133 лица позитивни на коронавирусот.

Прочитај повеќе
КОВИД 19 

Од висока до средна загаденост, и назад …

Вечерва станицата за мерење на квалитетот на воздухот во Кочани со пресек во 17 часот, покажуваше темно жолта фаза, или висока загаденост, со 114,98 микрограма на м3 ПМ10 честички. Веќе во 19 часот податоците покажаа намалување на загаденоста со 58,47 мг на м3 ПМ 10 честички. Притоа, присуството на ПМ 2.5 честички не се мери, што значи дека кочанчани не знаат каква е концентрацијата на истите во воздухот. Другите загадувачки супстанци SO2, O3, NO2 и CO, покажуваат многу низок индекс на загадување. Граѓаните кои излегуваат во вечерните часови за да…

Прочитај повеќе