Денеска регистрирани 4 новозаболени и 1 починат

Според Министерството за здравство во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на ковид-19. Институтот за јавно здравје во изтиот период регистрира 528 оздравени пациенти. Бројот на починати изнесува 35, сите во болнички услови.

Од новозаболените регистрирани се четири во Кочани, а еден во Виница. Потоа, 174 случаи во Скопје, 56 во Гостивар, 26 во Тетово, 20 во Битола, 19 во Штип, 17 во Куманово, по 12 во Прилеп и Велес, по седум во Делчево и Свети Николе, шест во Струмица, по четири во Крива Паланка и Неготино, по три во Кавадарци, Крушево и Кичево, по два во Пробиштип и Валандово и по еден случај е регистриран во Охрид, Гевгелија, Радовиш, Демир Хисар, Берово.

Од Кочани е регистриран еден починат на возраст од 67 години. Од Скопје се 10 починати и тоана возраст од 46, 68, 79, 76, 76, 73, 48, 66, 71 и 66 години, од Куманово тројца, на 67, 82 и 79 години, од Штип еден на 79 години, од Прилеп двајца на 68 и 69 години, од Тетово еден на 84г, како и од Велес на 73 години, двајца од Битола на 88 и 77 години, по еден пациент од Охрид на 82 и од Кавадарци на 73 години, четири пациенти од Гостивар на 75, 73, 50 и 43 години, еден од Дојран – ПЕ Гевгелија на 65 години, двајца од Струмица на 48 и 75 години, еден од Радовиш на 76 години, двајца од Берово на 70 и 53 години и двајца пациенти од Кичево на 54 и 70-годишна возраст.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 55.127, бројката на оздравени пациенти е 32.894, на починати е 1.546, а бројот на активни случаи изнесува 20.687.

Сподели: