Првото новороденче во Кочани – женско
Емилија Постолова од с. Градец, Виница, синоќа го донесе на свет првото новороденче во Кочани во 2024 година. Третото дете во семејството Постолови е женско, по двете момчиња. Медицинскиот тим соопшти дека бебето е тешко 3,3 килограми, долго 50 сантиметри и во моментов и тоа и мајката се чувствуваат добро. Градоначалникот на Општина Кочани, Љупчо Папазов ги посети мајката Емилија и новороденчето Бојана, врачувајќи им ги традиционалните подароци и им посака добро здравје, многу среќа, со желби за среќно и убаво детство на новороденчето, а упати благодарност и до персоналот…
Прочитај повеќе